Роналдо потрошил 29 милиони евра за сурогат мајките на своите деца

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо има навистина интересен приватен живот, со детали кои не успева до крај да ги сокрие од јавноста, и покрај сите обиди.

За многумина се интересни фактите дека се уште никој не знае ништо за мајката на првото дете на Роналдо, Кристијано јниор. Освен дека на свет го донесе сурогат мајка. Последниве месеци веќе на големо се зборува дека Роналдо сега чека близнаци, исто така преку сурогат мајка за која ништо не се знае, освен дека наводно живее во Сан Диего во САД.

Но, светските медиуми веќе откриваат детали околу тоа колку чинат раѓањата на децата на Роналдо. На првата сурогат мајка, наводно Роналдо и исплатил 12 милиони евра, додека втората за близнаците ќе добие пет милиони повеќе, што значи вкупно 29 милиони евра за сурогат мајките за своите деца. Најтешкиот дел, секако не се парите. Но, да пронајде личности кои нема никогаш да откријат ништо пред јавноста. Но, за толку пари, се чини, и не е проблем да се пронајдат.

Се вчитува...