Роналдо пречекан во Белград од младо момче со трогателна молба, но Португалецот не го ни „исферма“

Репрезентациите на Србија и Портулагија ќе си ги одмерат силите во вториот квалификациски натпревар за СП 2022 година, меч кој ќе биде одигран во Белград, утре со почеток од 20 часот и 45 минути.

Репрезентативците на Португалија вчеравечер пристигнаа во главниот град на Србија, а супер-ѕвездата од редовите на гостинскиот состав, Кристијано Роналдо на аеродромот во Белград беше пречекан од симпатично момче кое го чекаше својот идол со трогателна молба.

„Кристијано, поминав 1300 километри да го добијам твојот автограм. Борис“ 

Големиот натпис, малиот Борис го држаше долго пред аеродромот, но Роландо не ја оствари неговата желба и покрај тоа што репрезентативците на Портулагија ја проследија целата ситуација од автобусот.

Се вчитува...