Роналдо пред судот: Да не се викав Кристијано, немаше да бидам овде

Кристијано Роналдо сведочеше повеќе од 90 минути пред судот во Шпанија, давајќи исказ во случајот во кој светски познатиот фудбалски ас е осомничен за затајување данок во висина од 14,7 милиони евра.

Стотици новинари се најдоа пред судот во Мадрид, но не успеаја да добијат изјава од Португалецот, кој од задната страна во автомобил го напуштил местото откако минал долго време одговарајќи на прашањата на судијката. Скромните информации од случувањата во судницата велат дека Роналдо на едно од прашањата одговори: Да не се викав Кристијано, немаше да бидам овде.

Судењето ќе продолжи во периодот што следи,  а адвокатите на Роналдо најавиле дека асот на Реал Мадрид во текот на денешниот ден преку соопштение ќе се обрати до јавноста.

Кристијано Роналдо не крие дека е разочаран од судскиот процес против него, што беше и една од главните причини поради која тој најави заминување од Реал минатиот месец. Ситуацијата во меѓувреме се смири, Кристијано дефинитивно останува меѓу „кралевите“, но останува да се види епилогот од судскиот случај.

Се вчитува...