Роналдо: Проблемот не е само во менаџерот кон кој сите покажуваат со прст

Кристијано Роналдо по мечот со Тотенхем изјави дека на сите во клубот им е јасно дека по поразот од Ливерпул работите мора да се сменат и дека тоа е факт.

Португалецот додаде дека е лесно секој да покажува со прст кон менаџерот, но дека одговорноста ја сносат и играчите.

„Пред овој натпревар знаевме дека имаме многу тешка недела, имавме резултати кои не ги очекувавме, бевме малку под притисок, малку тажни, но знаевме дека денеска добро ќе одговориме. Почнавме многу добро, моја работа е да му помогнам на тимот со голови, искуство, асистенции. Денеска успеав во тоа и задоволен сум, но најважно е што тимот беше одличен денеска“, изјави Роналдо за ‘Скај Спорт’ по натпреварот.

Спортската јавност упати многу критики кон Оле Гунар Солскјер, па веќе на големо се зборува за неогва промена.

„За тренерите и играчите тоа е нормална ситуација, критиките секогаш има. Мене лично не ме засега. Играм многу долго и знам дека еден ден се е супер, а другиот ден ќе зборуваат дека немаме поим. Секако, секогаш е подобро кога те фалат и кога сите се среќни затоа што си победил. Но, животот не е секогаш таков, понекогаш треба да се справите со тешки моменти. Знаевме дека мора да се промениме и се променивме“, заклучи Роналдо.

Се вчитува...