Роналдо првпат по 2010 исфрлен во осминафинале… Повторно од Олимпик Лион

Кристијано Роналдо за првпат по сезоната 2009/2010 го заврши настапот во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако Јувентус беше елиминиран од Олимпик Лион. Ситуацијата сама по себе е интересна бидејќи истиот противник го елиминираше португалскиот ас во 2010 година, како тој ја играше првата сезона во дресот на „кралевите“.

Првиот натпревар тогаш Олимпик Лион во Франција го доби со 1-0, додека реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши без победник 1-1.

 

Се вчитува...