Роналдо се појави на тренинг со модро око, нема да игра против Леганес

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, на денешниот тренинг се појави со модро око, поради повредата која ја здоби во победата од 7-1 против Депортиво Ла Коруња. Роналдо се повреди при постигнување на шестиот гол за „кралевите“, откако дефанзивецот на гостите Фабијан Шар го удри Португалецот во лицето со својата копачка во обид да ја отстрани топката.

Од клубот потврдија дека Кристијано нема да биде во составот на Зидан на првиот четвртфинален меч против Леганес во шпанскиот Куп, но ќе биде подготвен за настап за гостувањето во Валенсија во следното коло од домашното првенство.

 

Се вчитува...