Роналдо се врати и го спаси Јувентус од нов срам (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се врати во тимот на Јувентус и веднаш ја покажа својата класа. Италијанскиот шампион триумфираше против Специја со 1-4 во 6. коло од Серија А.

Сепак, не почна се така добро за „старата дама“ која иако поведе преку Алваро Мората во 14. минута, сепак следуваше шок откако домаќините преку Победа во 32. минута израмнија на 1-1. Мораше дури да се чека влегувањето на Кристијано Роналдо во 56. минута за конечно да се скрши отпорот. Португалецот прво по само три минути стрелаше за 1-2, по што следуваше и голот на Рабио во 67. за потоа по пенал Кристијано во 76. да ги постави конечните 1-4.

Во вториот натпревар од денешната понуда во луда завршница Лацио го совлада Торино нагости со 3-4.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...