Роналдо верен на Јуве: Одиме по моето трето скудето…

Кристијано Роналдо за време на паузата поради коронавирусот беше предмет на шпекулации поради наводното заминување од Јувентус по намалувањето на платите кај „старата дама“. Сепак, Португалецот неполни 24 часа по освоената шампионска титула јасно стави до знаење дека не планира да ги менува клупските бои во текот на летово.

„Среќен сум што ги освои последните две од деветте титули во низа на Јувентус. Можеби се чини дека е лесно, но воопшто не беше така. Од година во година, со талент, посветеност и напорна работа можете да ги остварите своите цели и да бидете уште подобри од претходно. Сега одиме по моето трето скудето“, напиша Роналдо на својот инстаграм-профил, објавувајќи шампионска групна фотографија од „старата дама“.

Роналдо во првите две сезони во дресот на Јувентус одигра 88 натпревари, притоа постигнувајќи 63 погодоци за најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...