„Роналдо во Атлетико Мадрид… тоа не може да се случи, како Рикелме да потпише за Ривер“

Се приближува почетокот на зимскиот преоден рок, а со самото тоа повторно се интензивираат шпекулациите околу иднината на Кристијано Роналдо. Португалецот сака да си замине од Манчестер Јунајтед, но проблем е што во Европа речиси и да не постои клуб што сака да го доведе во своите редови, а да може да ги задоволи и финансиските апетити на големата фудбалска ѕвезда.

Атлетико Мадрид во текот на летово беше поврзуван со трансферот на Роналдо, но тренерот Диего Симеоне викендов цврсто ја затвори таа врата, поради фактот дека Кристијано е клупска легенда на градскиот ривал Реал.

„Кристијано Роналдо во Атлетико? Па тој е икона на Реал Мадрид, така што мојот одговор е – НЕ. Тоа би било како Рикелме да заигра за Ривер, или пак Ортега да го облечеше дресот на Бока. Некои работи се невозможни“, цврст е на својот став Диего Симеоне.

Се вчитува...