Роналдо возврати на нападите од Владата на Италија: „Лажат, сакаат да ми наштетат“

Кристијано Роналдо возврати на нападите од страна на Владата на Италија која го обвини дека се однесувал како „размазено момче“, неодговорно прекршувајќи ги протоколите за изолација.

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора го нарече Роналдо „арогантен лажго“, кој два пати го прекршил здравствениот протокол – еднаш кога го напуштил карантинот на Јувентус а вториот пат со самоиницијативното враќање од Лисабон, па Португалецот не можеше да помине преку сето тоа без да одговори.

„Никогаш не сум го прекршил протоколот. Некој, чие име не сакам ниту да му го спомнам, вели дека не сум го почитувал протоколот. Тоа е лага. Го почитувам здравствениот протокол, а во Италија се вратив со посебен медицински авион и немав контакт апсолутно  со никого“ напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Се вчитува...