Роналдо за можноста да игра на СП 2026 година: Најпрво да играм на ЕП следната година

Ветеранот Кристијано Роналдо, не ја исклучува можноста да игра за Португалија и на СП 2026 година. Тогаш напаѓачот ќе има 41 година, и прашање е во каква форма ќе биде до тогаш.

Но, Роналдо најпрво кажа дека сака да игра на следното ЕП со Португалија, а дури потоа ќе размислува и за следниот Мундијал.

„Прво сакам да играм на ЕП следната година. Важно е да се погледнат краткорочните и долгорочните цели. Да видиме што ќе се случува понатаму“, изјави Роналдо.

Се вчитува...