Роналдо заработил 11 милиони евра повеќе од Меси

Кристијано Роналдо е најдоброплатен фудбалер во изминава сезона на листата што ја објави „Франс фудбал“. Листата на најдоброплатени тренери пак ја предводи Жозе Мурињо.

Овие листи кои традиционално ги објавува „Франс фудбал“ се направени врз основа на вкупните приходи, од договорите и бонусите во клубовите, рекламите и се друго што им носи приход на најдобрите фудбалери и тренери во светот.

top 5 ronaldo

Приматот најбогат во сезоната 2016/2017 Кристијано Роналдо го држи со вкупна заработувачка од 87,5 милиони евра. Португалецот има 11 милиони евра повеќе од својот најголем ривал Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона е на второто место со заработувачка од 76,5 милиони евра, а на третото место е неовиот соиграч, Нејмар со приход од 55,5 милиони евра. Герет Бејл има вкупна заработувачка ид 41 милион евра, а на петтото место е Езекел Лавеци со 28,5 милиони евра.

top 5 treneri

Меѓу тренерите најбогат е Жозе Мурињо. Португалецот на клупата на Манчестер јунајтед, сезонава заработил 28 милиони евра. Зад него на второто место е Марчело Липи со заработувачка од 23,5 милиони евра.

Во Топ 5 се уште и тренерот на Баерн, Карло Анчелоти кој има заработувачка од 15,8 милиони евра, Пеп Гвардиола од Манчестер сити со 14,5 милиони евра и поранешниот тренер на ПСЖ, Лоран Блан. Французинот кој и натаму добива издашна плата поради предвремениот раскин на договорот со парискиот клуб, сезонава има вкупен приход од 20 милиони евра.

Се вчитува...