Роналдо: Еузебио е мојот идол, жалам што не заиграв со него

Првата ѕвезда на Јувентус и португалската репрезентација Кристијано Роналдо вели дека цел живот ќе жали што не можел во кариерата да игра со еден од неговите идоли Еузебио.

„Навистина има многу фудбалери со кои би сакал да играм, легенди на нашиот спорт. Но, ќе морам да споменам само еден тоа е најдобриот португалски фудбалер на сите времиња кој почина пред неколку години, мојот идол Еузебио. Тој е најдобриот фудбалер во историјата и навистина ми е криво што никогаш немав шанса да играм со него, барем на некој пријателски натпревар“, изјави Роналдо. 

Тој во интервјуто говореше дека омилен гол секогаш му е последниот што ќе го постигне, бидејќи со секој нов натпревар сака да се надмине себе.

Се вчитува...