Рони Харис го продолжи договорот со Академија ФМП

Американецот Рони Харис стави потпис на нов едногодишен договор за соработка со прволигашот Академија ФМП.

25-годишниот Американец беше најдобар стрелец во редовите на Академија ФМП изминатата сезона со 17 поени, 4.31 скокови и 4.62 асистенции во просек по натпревар. Задоволството од меѓусебната соработка резултираше со нов договор.

Екипата на Академија ФМП со новиот тренер Александар Петровиќ ги почна преговорите за продолжување на соработката со уште неколку кошаркари од минатата сезона.

Се вчитува...