Роси: Страв ми е да возам до Маркес!

Валентино Роси бесен е на Марк Маркес после инцидентот на трката за ГН на Аргентина што се возеше вчера.

Во текот на борбата за шестата позиција, Марекс изведе агресивен напад во свиокот 13, присилувајќи го Роси да излезе од патеката, после што тој падна.

„Го уништи нашиот спорт. Никогаш нема ни малку почит за своите противници. Кога возите 300 км/ч. морате да ги почитувате ривалите, ова вака нема смисла. Секому може да му се случи да направи грешка на сопирање и да дојде до контакт, тоа е натпреварување, но тој од петокот досега имапе инциденти со Вињалес, со Довициозо, со мене.Во текот на трката намерво влета во четворица возачи. Тоа не е грешка бидејќи ја поставува ногата меѓу мототорот бидејќи знае дека нема да падне. Се плашам кога сум на патеката со Маркес, кога ќе ги видам неговото име на таблата уплашен сум бидејќи знам дека ќе тргне на мене“ – изјави Валентино Роси.

Маркес низ целта мина со петто време, но казнет е со 30 секунди поради „неодговорно возење“, па на крај на трката заврши како 18-ти пред Роси.

Се вчитува...