„Росонерите“ слават – Ибрахимовиќ останува на „Сан Сиро“

Еуфорично е расположението во таборот на Милан во последниот период, тимот игра одлично, управата се премисли од ангажман на Ралф Рангник и му даде целосна доверба на тренерот Пиоли, а сега на останување на „Сан Сиро“ се одлучи и Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот отворено говореше против директорот Газидис поради неговата намера да го смени Пиоли со Рангник, но откако италијанскиот стратег потпиша нов договор, сега истото ќе го стори и Ибракадабра. Италијанските медиуми јавуваат дека Мино Раиола веќе постигнал договор за „една плус една година“, со што платата на Златан ќе скокне на пет милиони евра.

Воедно, Ибрахимовиќ го очекува и бонус од еден милион евра доколку следната сезона помогне „росонерите“ да се вратат во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...