Ростов е првиот патник на Ф4 турнирот во Будимпешта

Рускиот тим Ростов Дон е првиот учесник на годинешниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта. Рускиот тим во полуфиналето го елиминира унгарскиот ФТЦ, откако во реваншот на домашен терен славеше убедлива победа од 32-22. На првиот меч во Унгарија, ФТЦ победи со 31-29, но во реваншот Унгарките беа немоќни пред рускиот противник.

Ана Виакхирева со седум гола и Јулија Мангарова со пет од пет го предводеа Ростов во големиот триумф. Кај ФТЦ најефикасна беше Марија Јовановиќ со пет погодоци, а по четири постигнаа Анико Ковачич и Нереа Пена, но сето тоа не беше доволно да го спасат својот тим од катастрофалниот пораз во Ростов.

Во другите реванш-четвртфинални натпревари денеска играат Вардар против Митјиланд и Ѓер против Будуќност, а утре ќе биде познат и последниот патник на Ф4 по завршувањето на дуелот меѓу Мец и ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...