Рубио е МВП на СП 2019, во идеалната петорка место и за Скола

Рики Рубио покрај освоената светска круна со Шпанија ги собра и индивидуалните награди на овој шампионат. Одличниот плејмејкер беше избран за најдобар кошаркар на големото финале, а потоа го доби и признанието за најкорисен играч на целокупниот Мундијал во Кина.

Очекувано, Рубио беше предводник и на идеалната петорка на шампионатот, во која се најде и неговиот репрезентативен колега Марк Гасол. Меѓу најдобрите пет кошаркари на СП 2019 сосема заслужено се најде место и за ветеранот Луис Скола, потоа за Французинот Фурние и за Богдан Богдановиќ, кој воедно беше и прв стрелец на овој шампионат.

Се вчитува...