Словачкиот селектор Иван Рудеж ја загуби тактичката битка со Јорданчо Давитков и претрпе заслужен пораз на стартот од претквалификацискиот циклус, но хрватскиот стручњак преоптимистички тврди дека ќе може да возврати со иста мера кога овие две селекции повторно ќе ги одмерат силите во Скопје.
„Игравме против искусен противник, најопасен на позициите два и три каде настапуваат браќата Стојановски. Мило ми е што во третата и во четвртата четвртина покажавме и карактер и квалитет, верувам дека овие „минус осум“ можеме да ги претвориме во „плус девет“ кога ќе играме во Македонија“ – истакна Рудеж.
Центарот Петер Седмак, смета дека недоволната агресивност била главната причина за поразот на својата селекција.
„Знаевме дека Македонија е квалитетна репрезентација, на почетокот не бевме лоши, но потоа целосно потфрливме во втората четвртина. Проблемот беше што игравме меко, иако знаевме дека Македонците ќе инсистираат на цврста игра“ – посочи Седмак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА