Рудигер опиша каков џентлмен е Карло Анчелоти

Антонио Рудигер ова лето го засили Реал Мадрид како слободен играч откако заврши неговиот договор со Челси. Германскиот репрезентативец беше голема желба на Карло Анчелоти, а стоперот сега говореше за нивниот однос.

Во разговор за шпанскит медиуми Рудигер со суперлативи збореше за искусниот стратег, откри интересен факт од нивата прва средба, а вели дека е вистински џентлмен и соработка со него е неверојатна.

„Само што се сместивме во новата куќа и правевме скара кога некој затропа на вратата. Отварам и го гледам Карло Анчелоти. Каков момент. Седна со нас на масата, јадевме заедно, го запозна моето семејство и два часа говоревме за животот. Многу нормален човек, џентлмен. Искрено немав доживеано ништо такво во животот. Сега по неколку месеци заедно можам да кажам дека кога станува збор за однос со играчи тој е недопирлив. Како дете гледав на телевизија како освојува трофеи, а сега работам со него. Непроценливо искуство“, вели Рудигер.

Се вчитува...