„Руиз е срамота – Тој е слон, тој е Бургер кинг“

Промотерот на Тајсон Фјури, Френк Ворен вели дека состојбата во која се појави Енди Руиз на мечот со Џошуа е срамота за светскиот бокс. Џошуа беше доминантен во текот на целата борба и успеа да ги врати титулите во ИБФ, ВБА и ВБО верзии.

„Тоа беше смешно кога беше на мерењето, едноставно личеше на слон. Само затоа што се натпреваруваш во тешка категорија не треба да значи дека не смееш да покажеш барем малку намера да личиш на атлета. Руиз во тек од шест месеци од Крал на тешката категорија стана „Бургер крал““, изјави Ворен. 

Тајсон Фјури во февруари треба да се бори со Дионте Вајлдер, како би можел потоа да го предизвика и Џошуа.

Се вчитува...