Руиз: Факт е дека сум предебел, сакам трета борба и ќе се подготвам многу подобро

Енди Руиз не успеа да ја одбрани светската титула во тешка категорија откако синоќа загуби од Ентони Џошуа во Саудиска Арабија со одлука на судиите.

По мечот Мексиканецот призна дека бил претежок, во мечот влегувајќи со 129 килограми…

„Сакам трета борба. Ова беше негова ноќ. Не се подготвив како што треба, претежок сум… Ако има трета борба ќе се подготвам подобро од било кога“ – истакна Руиз по синоќешниот меч.

Се вчитува...