Румениге: Знам кој играч на Баерн утре ќе го запре Меси

Првиот човек на Баерн Минхен, Карлхајнц Румениге, e оптимист дека баварскиот гигант ќе успее да слави на утрешната пресметка со Барселона и да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите. Рецептот на сите ривали на Барса е ист – да се најде начин да се неутрализира Лионел Меси, а Румениге е убеден дека Баерн има фудбалер во своите редови кој ќе може да ја заврши таа тешка задача.

„Ние го имаме Алфонсо Дејвис, кој е одличен на позицијата лев бек цела сезона. Ако Меси игра од неговата страна, не се сомневам дека Дејвис ќе се погрижи тој да не биде на вообичаеното ниво. Да не заборавиме, ретко кој може да се пофали дека сезонава успеал да го издрибла нашиот млад ас“, изјави Румениге.

Дејвис е откровение на Баерн Минхен сезонава, по преселбата на Алаба како централен дефанзивец младиот Канаѓанец е стандарден како лев бек. Тој досега одигра 45 средби оваа сезона, постигнувајќи четири гола и осум асистенции, севкупно во сите натпреварувања.

Се вчитува...