Руне: Новак е само човек, не е супер херој

Новак Ѓоковиќ по неколкуте промашени турнири ќе се врати на теренот за мастерсот во Монте Карло. Српскиот тренер веќе го одработи и првиот тренинг, традиционално со данскиот тенисер Холгер Руне.

А, пак Руне не ги криеше импресиите од времето поминато со најдобриот тенисер на сите времиња откривајќи детали од тренингот и советот кој Србинот му го дал.

„Новак ме научи многу. Секогаш беше многу љубезен кон мене. Се сеќавам кога трениравме пред околу пет години, пред да почнам да играм на врвно ниво. Беше многу заинтересиран, ме прашуваше разни работи, ми даваше совети и многу искрено зборуваше за неговата кариера“, вели Данецот.

„Новак е еден од најдобрите тенисери на сите времиња и кога ќе почувствувате дека сака да ви помогне, тоа е неверојатно. Тоа значи многу за еден млад тенисер. Многу му се восхитувам, меѓу другото и поради тоа.

Ми даде совет на психолошки план, бидејќи е вистински ѕвер. Сепак, тој ми кажа дека е човек, а не супер херој. Тој, исто така, чувствува емоции кога игра, како и сите ние, но ги контролира поинаку од другите и тоа е една од причините зошто има поголем успех од другите. Импресивно е да се гледа Новак, исто како Рафа и Роџер“

Се вчитува...