Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изјави дека на англискиот клуб му се потребни големи промени и додаде дека не го препознава клубот каде што играл.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се на 14. место на табелата во Премиерлигата со седум бода. Англискиот клуб ја освои последната титула пред 12 години кога Руни го носеше дресот на клубот од „Олд трафорд“.
„Едноставно не знам што се случува. Се обидов да бидам менаџер и не успеав. Рубен Аморим е на мои години, тој е сè уште млад менаџер и сигурен сум дека сè уште има голема иднина, но она што се случува во Манчестер јунајтед, ова не е Манчестер Јунајтед. Навистина се надевам дека може да ги сврти работите и дека ќе го стори тоа. Но, ако ме прашате дали верувам дека ќе го стори тоа, тогаш, по сè што видов, искрено немам доверба во тоа“, рече Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

