Русија е освојувач на Дејвис купот

Тениската репрезентација на Русија го освои Дејвис купот за 2021 година откако во финалето славеше против Хрватска со 2-0.

Првиот бод за Русите по тешка борба го донесе Андреј Рубљов совладувајќи го Борна Гојо со 2-0, по сетови 6-4 и 7-6.

Во вториот меч со 2-0 (7-6 и 6-2) беше подобар Данил Медведев од Марин Чилиќ, па затоа немаше потреба да се игра мечот во двојки во кој требаше да се сретнат Рубљов/Карасев и Павиќ/Мектиќ.

За Русија ова е трета титула во тениското светско првенство.

Се вчитува...