Русија елиминирана, Полска со една нога во четвртфинале

Кошаркарите на Полска се со една нога меѓу осумте најдобри репрезентации на Светското првенство во кошарка, откако денеска во првиот меч од групата И ја совладаа Русија со 79-74.

Русите подобро го отворија натпреварот контролирајќи го резултатот во текот на целото прво полувреме, заминувајќи на пауза со водство од (34-40). Во третиот период „зборнајата“ успеа да го задржи водството, а по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше (53-57).

На стартот на последната четвртина Полјаците со одлична игра и серија од 11-1 за првпат поведоа (64-58). Следуваше серија на Русите од 6-0 за повторно израмнување на резултатот (64-64). До крајот се играше кош за кош, ситуација во која подобро се снајдоа Полјаците за конечна победа од 79-74.

Најефикасен во победничкиот табор беше Адам Вачински со 18 поени, а четири помалку уфрли Матеуш Понитка. Кај Русите најрасположен беше Микаил Кулагин со 21 поен.

Се вчитува...