Русија и Шпанија со рутински победи

Русија и Шпанија стигнаа до своите втори победи на светскиот шампионат, триумфирајќи во неевропските пресметки против Јужна Кореа, односно Порторико.

Шпанците едно полувреме се мачеа со Порторико, за на крајот сепак да триумфираат со убедливи 73-63. Порториканскиот состав по првата четвртина имаше водство од 17-21, на одмор се замина со минимална предност на „фуријата“ од 36-35, а како пресуден се покажа третиот период во кој Шпанците примија само десет поени (21-10) и си создадоа недостижна предност.

НБА-кошаркарите беа во главна улога во шпанскиот состав, Марк Гасол постигна 19, а Рики Рубио 17 поени, додека прв стрелец на Порторико беше Клавел со 13 поени.

Русија цел натпревар го контролираше резултатот против Јужна Кореа, за конечен триумф од 87-73. „Зборнаја“ ја доби стартната четвртина со 27-18, а откако противникот се приближи Русите потоа беа убедливи и во третиот период (23-12) запечатувајќи ја својата втора победа на шампионатот.

Воронцевич и Фридзон ги предводеа руските стрелци со по 13 поени, а најефијасен кај Корејците беше Гуна Ра со 19 поени.

Се вчитува...