Русија кандидат за домаќин на ОИ 2028?

Русија најави кандидатура за организација на Олимписките игри во 2028 со поддршка од руската влада за еден од трите градови кандидати за домаќин.

Покрај олимпискиот Сочи, можни кандидати за домаќин на најголемата спортска манифестација се Казан и Санкт Петербург.

Неколку градови во Русија се подготвени да организираат Олимписки игри, а тоа се Казан, Сочи и Санкт Петербург. Тие градови се во состојба да поднесат кандидатури. Имаме добро искуство од организацијата на Игрите во Сочи. Сигурен сум дека Русија е способна да организира големи спортски настани на највисоко ниво“ – изјави претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОК) Александар Жуков.

Проблем за руската кандидатура може да биде нарушениот статус на рускиот спорт по аферата со систематскиот допинг. На руските атлетичари им беше забранет настапот на претходните Олимписки игри во Рио поради наводите за систематскиот допинг во кој наводно „ги покривал“ и Игрите во Лондон во 2012 и две годни пред тоа, Зимските Олимписки Игри во Сочи.

Се вчитува...