Русија втор финалист во Дејвис купот

Репрезентацијата на Русија во тенис, се пласираше во финалето на Дејвис купот, откако во Мадрид ја совлада Германија со 2:0 ос поените на Рубљов и Медведев.

Рубљов го совлада Кепфер, додека Медведев беше подобар од Ленард Штруф.

Противник на Русија утре ќе биде селекцијата на Хрватска, која обезбеди финале во дуелот со Србија. Двете селекции ќе се борат за третата титула во Дејвис купот.

Се вчитува...