Русите без одговор за „аргентинското танго“ во Кина

Русија го претрпе првиот пораз на Мундобаскет 2019 откако „зборнаја“ го загуби денешното дерби на групата против Аргентина (69-61).

Мечот донесе бројни пресврти, Русите поведоа со 17-12 по првата четвртина, но Аргентинците возвратија добивајќи ги следните два периоди (16-27, 7-14). „Гаучосите“ влегоа со предност од 13 поени во последната четвртина, но руските кошаркари не се предадоа, приближувајќи се на само два поени негатива (57-59), резултат при кој не реализираа напад за израмнување. Потоа разликата изнесуваше два поени и при 59-61, но Аргентинците предводени од Кампацо имаа помирна рака кога се решаваше победникот, па со максимален ефект ќе се преселат во следната фаза од натпреварувањето.

Кампацо со 21 поен и 7 асистенции беше прв стрелец на натпреварот, по 13 постигнаа Скола и Делија, додека кај Русија најефикасен беше Зубков со 18 поени.

Се вчитува...