Русите до билет за ЕВРО 2020, Вајналдум донесе триумф на Холандија

Селекцијата на Русија успеа да си го осигура пласманот на ЕВРО 2020 откако „зборнаја“ вечерва славеше на гостувањето на Кипар со 0-5. Иако им беше доволен само еден бод за билет за ЕП, руските фудбалери одиграа импресивно и уште во првото полувреме си ја осигураа победата со головите на Черишев и на Оздоев. На 0-3 во второто полувреме зголеми Ѕјуба, а конечните 0-5 со два гола во судиското продолжение ги поставија Головин и Черишев.

Холандија триумфираше со 1-2 на гостувањето против Белорусија. Вајналдум беше херојот постигнувајќи два гола за „лалињата“, пред Драгун да го постигне почесниот погодок за домашната селекција.

Унгарија го совлада Азербејџан со 1-0, но гостите беа ограбени во судиското продолжение откако поради непостоечко играње со рака им беше поништен чист погодок.

Во последниот меч што стартуваше во 18 часот, Шкотска очекувано убедливо го декласираше аутсајдерот Сан Марино со 6-0.

Се вчитува...