Русите убедливи со Казахстан, Велс ја победи Словачка

Репрезентацијата на Русија славеше убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Казахстан во 2. коло од Групата И во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Руската селекција до победата дојде со погодоците на Черишев во 19. минута и 45. минута, во првото полувреме, додека во вториот дел Ѕјуба погоди во 52. минута а Бејсебеков во 62. минута си постигна автогол за конечни 0-4.

Во Групата Е, Велс славеше против Словачка со 1-0 благодарение на голот на Даниел Џејмс уште во 5. минута од натпреварот.

Се вчитува...