Руска идеја: Како против хулиганството, да го направиме спорт!

Како што се ближи почетокот на Светското Првенство во Русија, закажано за 2018, така се погласни се стравувањата од дивеење на хулиганите за време на овој мундијал. Руските хулигани се најдоа во фокусот на јавноста со инцидентите за време на ЕП 2016 во Франција, упатија и закани до ривалите кои планираат да ја посетат оваа земја за време на мундијалот, па извесно време некои навивачки групи дури и барааа да се размисли за промена на земјата домаќин на претстојното Светско првенство.

Тоа дефинитивно нема да се случи, а и Русите немаат намера посериозно да го решат проблемот со дивеењето на своите навивачки групи. Врочем, за нив тоа е сосема нормално, а рускиот политичар Игор Лебедев се јави и со идеја – ако се сака да се реши проблемот со хулиганството, да се измисли нов спорт токму за навивачките групи.

Пред се, не ми се допаѓа зборот хулигани. Нашите навивачи не се хулигани, туку се борци, а борбите меѓу навивачи можат да се направат во спорт. Кога веќе постојат борби еден на еден во различни спортови, зошто да не бидат и борбите меѓу навивачки групи. Со тоа би се регулирал хаосот и би се вовеле правила, така што агресијата би се канализирала на далеку понормален начин од сегашниот. На пример, англиските фанови можат да дојдат и да предизвикаат група руски навивачи. Од двете страни по 20 лица, без оружја“ – истакна Лебедев.

Тој застана во одбрана на руските фанови, кои се критикувани од целокупната светска спортска јавност.

Нашите навивачи не се хулигани како што тоа беше случај со Англичаните во минатото. Пред се, тие се луѓе кои со сето свое срце си го сакаат клубот, одлично се организирани и прават се за да му помогнат на тимот за кој навиваат. Да, понекогаш се тепаат, но само со свои „колеги“ од спротивната страна. Тие никогаш не го допреле мирното население, тоа мора да се истакне“ – вели Лебедев.

Се вчитува...