Руско финале во Индијан Велс

Русинките Елена Веснина и Светлана Кузњецова ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Индијан Велс.

Веснина во првото полуфинале беше подобра од Французинката Кристине Младеновиќ со 6-3,6-4, по еден час и 25 минути игра.

Победа во два часа забележа и Кузњецова во мечот со Каролина Плишкова од Чешка. Кузњецова победи до 7-6,7-6.

На победничката на турнирот ќе и припаднат еден милион и 175 илјади долари, како и 1.000 бодови за ВТА листата. Финалистката ќе мора да се задоволи со 573.680 долари и 650 ВТА поени.

Се вчитува...