Сабаленка го преживеа трилерот со Носкова и шеста година по ред ќе игра во полуфиналето на УС Опен

Првата светска тенисерка, Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на последниот годинешен грендлсем турнир, УС Опен, откако во меч кој траеше 142 минути ја совлада Линда Носкова.

Сабаленка триумфира со 2-1 во сетови и тоа со 7:6,3:6,7:6 и ја продолжува одбраната на титулата на УС Опен.  Згора на тоа, ова е шесто полуфинале на УС Опен по ред за Сабаленка, а во последните две изданија ја освојуваше титулата.

Во првиот сет траеше 48 минути, и во него двете тенисерки направија само по еден брејк, првиот удар го зададе Сабаленка која го одзеде првиот сервис на Носкова и поведе со 2:0 во гемови.

Но, во деветтиот гем, кога сервираше за освојување на сетот, Носкова успеа да се врати во игра, ја искористи првата од двете брејк топки и потоа двете тенисерки со сигурен сервис го однесоа сетот во тај-брејкот. Во него, тотална доминација на Сабаленка, 7:1 за водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет, имаше еден брејк и него го направи Чехињата во шестиот гем. Носкова поведе со 2:4 и потоа рутински го приведе сетот до крајот и го однесе мечот во одлучувачкиот трети сет.

И во третиот сет имаше брејкови, по еден на двете тенисерки, а во тај-брејкот подобра беше Сабаленка со 10-7.

Белоруската тенисерка во полуфиналето ќе игра со подобрата од дуелот меѓу „милијардерките“ Џесика Пегула и Ева Наваро.

Се вчитува...