Сабаленка: Ѓоковиќ ме молеше, а јас му реков легендо…

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка дефинитивно ќе настапат заедно во конкуренција на мешани двојки на претстојниот Ју-Ес Опен.

Иако нивните имиња веќе беа на листата на учесници, белоруската тенисерка сега и официјално потврди дека ќе игра во тандем со српскиот ас.

„Па, знаете, тој ме молеше да играм со него. Му реков: ‘Знаеш што… Важи, легендо, ќе ти помогнам. Ајде да се забавуваме и да атакуваме на титулата’. Така што, вистина е, играме заедно. Ќе биде многу забавно, едвај чекам“, изјави Сабаленка. 

Главниот турнир во поединечна конкуренција на Ју-Ес Опен почнува на 30 август, додека натпреварите во мешани двојки се закажани за подготвителната недела, на 25 и 26 август.

Се вчитува...