Сабаленка ја мина првата пречка на Вимблдон

Арина Сабаленка рутински го почна атакот на трофејот на Вимблдон откако првата носителка славеше лесно на дуелот во кој за противничка ја имаше Теодора Костовиќ од Србија, моментно на 184. место на ВТА-листата.

Српската тинејџерка немаше никаква шанса за сензација против фаворитката, Сабаленка отвори со убедливи 4-0 и лесно го доби првиот сет со 6-2. Вториот сет беше израмнет до 2-2, по што белоруската тенисерка направи два брејка, се одлепи и славеше со 6-3.

Следна противничка на Сабаленка на Вимблдон ќе биде Американката Кеслер, која денеска одигра импресивен меч против Олиникова од Украина, совладувајќи ја со 6-0, 6-0.

Се вчитува...