Сабаленка одговори на критиките: „Баш ми е гајле, јас само уживам…“ (ВИДЕО)

Арина Сабаленка е сè уште тенисерка број еден во светот, но призна дека научила да не се стресира премногу за резултатите во текот на сезоната, која досега не оди според нејзините највисоки стандарди.

Во 2026 година, Белорусинката успеа да го освои престижниот „Саншајн Дабл“, односно израмнети титули на турнирите во Индијан Велс и Мајами, но остана без трофеј на сите три Грендслем турнири досега.

За време на медиа-денот пред почетокот на турнирот во Синсинати, Сабаленка беше прашана што научила од донекаде тешкиот период оваа сезона.

„Кого го интересира, јас само уживам во моментот“, кратко одговори тенисерката број еден во светот.

Сабаленка постави исклучително високи стандарди во претходните години, поради што сезона без Грендслем титула до овој момент може да се смета за помалку успешна во споредба со она на што е навикната.

Сепак, позицијата на врвот на ВТА листата остана во нејзини раце, а нејзината следна можност за голем резултат ќе биде во Синсинати.

После тоа доаѓа Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем во сезоната, каде што Сабаленка ќе пристигне како еден од главните фаворити за титулата.

Се вчитува...