Серијата слаби настапи на Арина Сабаленка продолжи и во осминафиналето на Синсинати, каде првата носсителка неочекувано загуби од Сара Бејлек од Чешка со 0-2 во сетови.
Сабаленка нема играно финале уште од крајот на мај кога се бореше за трофејот во Мајами, предноста во однос на ривалките се истопи, па последното фијаско може да придонесе таа да не биде прва носителка на УС Опен.
Имено, Рибакина има одлична можност да се искачи на врвот на ВТА-листата, за што ќе и треба да стигне само до финалето во Синсинати, не и да го крене пехарот. Рибакина игра во одлична форма, но задачата нема да биде лесна ако се знае дека во четвртфиналето ја очекува дуел со Ига Швијонтек, на кој победа би ја довел оваа тенисерка на само еден триумф до големиот сон – искачување на првото место на ВТА-листата.
Сабаленка доживеа епски пад на концентрацијата на синоќешниот дуел со Бејлек. Првиот сет беше решен во тајбрејко во кој Сабаленка водеше со 5-1, но потоа влезе во серија грешки и го загуби сетот со 7-9.
Потоа во вториот сет првата носителка имаше водство со убедливи 4-1, по што повторно дојде до огромен пад во концентрацијата, низа грешки што противничката ги искористи и славеше со конечните 6-7, 4-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
