Сабаленка сензационално елиминирана од Индијан Велс

Освојувачката на Австралија опен и една од најдобрите тенисерките на денешницата, Арина Сабаленка го заврши својот настап на ВТА мастерсот во Индијан Велс откако денеска беше елиминирана во осминфиналето.

Белорусинката загуби од младата и талентирана домашна претставничка Ема Наваро со 2-1 по сетови 6-3, 3-6 и 6-2.

Во четвртфиналето Наваро ја чека подобрата од дуелот меѓу грчката тенисерка Марија Сакари и Французинката, Диане Пари.

Се вчитува...