Арина Сабаленка успеа да триумфира на синоќешниот меч со Паула Бадоса од Шпанија, прв дуел што белоруската тенисерка го одигра по смртта на нејзиното долгогодишно момче Константин Колцов, кој се самоуби пред четири дена паѓајќи од балконот на хотелска соба во Мајами.
Белорусинката беше критикувана што воопшто реши да настапи на овој турнир, Сабаленка во меѓувреме објави дека не била во врска со Колцов во моментот на неговата смрт, потенцирајќи дека срцето и е скршено од големата трагедија.
Дуелот против Бадоса мина во апсолутна доминација на белоруската тенисерка, која ја оправда фаворитската улог акако втора носителка на турнирот. Сабаленка го доби првиот сет со 6-4, потоа стигна до брејк и во вториот триумфирајќи со 6-3.
Во следната рунда таа ќе се сретне со Анхелина Калињина од Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА