Сабаленка за момент го прекина мечот: Некој пуши марихуана (Видео)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се најде во центарот на вниманието на тениската јавност откако дека на денешниот меч од третото коло на САД Опен против Камила Рахимова (6-3,6-4), одлучи да го прекине мечот за да му се пожали на судијата на интензивен мирис од марихуана кој доаѓал од трибините.

При резултат 30:0 во третиот гем од првиот сет на мечот кој се играше на стадионот „Луис Армстронг“, Сабаленка дојде до главниот судија и му рече:

„Некој тука пуши трева. Дали би можеле да го замолите обезбедувањето да го реши ова бидејќи миризбата е многу силна?.

Судијата реагираше веднаш преку радио-врска и испрати обезбедување на трибините за да го пронајдат навивачот кој пушел марихуана.

 

 

Интересно ова не е првпат некој тенисер да се пожали на мирис од марихуана, пред неа истото го стори и Французинот Адријан Манарино.

„Дозволено им е навивачите да се движат на трибините додека трае поенот, сите влегуваат и излегуваат кога сакаат, зборуваат, а на теренот се шири мирис на марихуана. Да бидам искрен, ова повеќе ми личи на Зоолошка градина, со многу чудни услови за игра“, изјави Манарино по поразот од Бублик.

Од друга страна, за поранешните тенисери од САД, ова не претставува проблем.

„Кога ќе излезете на улиците низ Њујорк на секој чекор го чувствувате мирисот на марихуана. Не разбирам зошто тенисерите прават проблеми околу тоа“, вели поранешниот тенисер, Џон Иснер.

Интересно, употребата на марихуана е легална во сојузната држава каде се одржува САД Опен, но пушењето цигари и марихуана е строго забрането на спортските комплекси на САД Опен.

Се вчитува...