Саблиќ: Шкендија е моќен тим, Ибраими е одличен фудбалер

Тренерот на молдавскиот Шериф Тираспол, Горан Саблиќ е претпазлив пред пресметката со македонскиот шампион Шкендија во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Хрватскиот стратег, откако Шериф обезбеди пласман во следната рунда натпревари, потенцира дека неговиот тим сега го чека силен предизвик против Шкендија.

„Успешно ја минавме првата рунда против грузиски Торпедо, но сега не чека далеку потежок противник. Шкендија е одличен тим кој минатата сезона имаше долго европско лето. Играат цврст фудбал, агресивен со отворен напад. Имаат еден одличен фудбалер Бесарт Ибраими кој постигна четири гола на мечот против ТНС. Ќе треба да бидеме вниманителни, но секако веруваме дека можеме да продолжиме понатаму на европската сцена“ – вели Саблиќ.

Се вчитува...