САД го сопреа Адетокумбо и се чекираа во четвртфиналето

Соединетите Американски Држави ја совладаа Грција со 69-53 во натпревар на мал број поени, во кој одбраните ја имаа главната улога.

Натпреварот почна израмнето, а по првата четвртина Американците имаа предност од само два поени (19-17). Вториот период беше клучниот во натпреварот. Избраниците на Грег Попович ја стегнаа одбраната, дозволувајќи им на Грците да постигнат само осум поени, заминувајќи на полувреме со предност од (38-25).

Во третата четвртина повторно на двете страни доминираа одбраните, игра во која за нијанса беа подобри Американците, кои успеаја да додадат уште четири поени на својата предност (54-37). Последниот период се играше во егал, за конечна победа на Американците од 69-53.

Кемба Вокер со 15 поени се истакна кај САД, а Мичел уфрли 10. Кај Грците најдобар беше Јанис Адетокумбо со 15, а Слукас уфрли 13 поени.

Се вчитува...