САД со пеколен состав ќе ја брани титулата на Мундобаскетот

Американската репрезентација ќе делува моќно и на претстојното Светско Првенство во Кина, откако беше обелоденето дека на тренинг-кампот на „дрим-тимот“ ќе се појават бројни ѕвезди на НБА-лигата. Од порано се знаеше дека во Лас Вегас ќе се најдат Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Кајл Кузма, Крис Мидлтон, Брук Лопез и Ерик Гордон.

Познатиот американски новинар Адријан Војнаровски открива дека на подготовките на репрезентацијата ќе се придружи и двоецот од Портланд, Лилард-Мекалум, како и Бредли Бил од Вашингтон и Кевин Лав од Кливленд.

Истиот извор вели дека дел од подготовките може да биде и Пи Џеј Такер, како и Пол Миласп од Денвер.

Се вчитува...