Садио Мане мора на операција, „во аут“ до крајот на сезонава

Повредата на Садио Мане заработена на градското дерби со Евертон е од посериозен карактер и Јирген Клоп нема да може да смета на сенегалскиот интернационалец до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Веднаш по повредата стана јасно дека станува збор за проблем со коленото, па иако лигаментите не беа оштетени, Мане ќе мора да замине на операција поради оштетување на менискусот.

По завршувањето на последните детални прегледи стана јасно дека Садио ќе мора да биде опериран. Потоа ќе следи пауза од најмалку два месеци од терените, што практично значи дека нема никакви шанси за негов камбек сезонава“ – соопштија од лекарскиот тим на Ливерпул.

Шанса на местото на Мане на вечерашниот натпревар со Бурнемаут ќе добие Дивок Ориги, а на следните средби во нападот на „црвените“ ќе се вклучи и Даниел Стариџ, кој од оваа седмица почна да тренира со полна пареа со остатокот од тимот откако ги пропушти претходните два месеци поради повреда.

Се вчитува...