Францускиот среден бек Саду Нтанзи е нов ракометар на Еурофарм Пелистер, потврдија денеска од битолскиот клуб. Поранешниот член на Пари Сен Жермен потпиша договор на една сезона со македонскиот тим и ќе биде значајно засилување за тимот во претстојните предизвици.
Нтанзи (26) доаѓа во Битола со богато меѓународно искуство, откако во својата кариера четири години го носеше дресот на францускиот гигант ПСЖ, со кој освои четири шампионски титули, како и по еден Куп и Суперкуп на Франција. Во неговото портфолио стојат и настапи за Феникс, унгарска Татабања, катарски Ал Араби, како и за германскиот бундеслигаш Мелсунген, со кој минатата сезона ја освои Лигата на Европа.
Новиот организатор на играта на битолчани ги има минато сите младински категории на француската репрезентација, а неговото официјално претставување пред јавноста ќе биде организирано веднаш по пристигнувањето во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
