Арда Гулер моментално е еден од најдобрите млади играчи не само во Европа, туку и во светот. Ѕвездата на Реал Мадрид покажа дека заслужува да го носи дресот на „кралевите“, особено после неколкуте добри настапи и одлични голови.
Турчинот постигна два гола на реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, меѓутоа на крајот неговиот тим мораше да се соочи со елиминација од најелитното европско клупско натпреварување.
Арда Гулер дојде во Реал од Фенербахче, а додека бил дел од турскиот клуб, имало интерес од многу тимови. Еден од гигантите кои биле заинтересирани за него е Борусија Дортмунд. Тогашниот тренер Нури Шахин сакал да го донесе Гулер, преговарал со него, но тој имал план да оди во таборот на „кралевите“.
„Го сакав Гулер во Борусија Дортмунд. Навистина го сакав, и разговарав со него. Но, тој ми рече дека ќе стане главен играч во Реал Мадрид. И навистина стана“, рече Шахин, кој сега е тренер на Башакшехир.
Шахин беше тренер на Борусија во сезоната 2024/25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
