Саки: Анчелоти погреши што воопшто се согласи да биде тренер на Наполи

Карло Анчелоти по една и пол година замина од италијанскиот калчолигаш Наполи по слабите резултати во Серија А оваа сезона, но легендарниот Ариго Саки смета дека воопшто и не требало да се нафати на тој предизвик.

„За првпат Анчелоти не се посоветува со мене кога прифати да биде тренер на Наполи. Тоа можеби е и добро, затоа што јас ќе му кажев воопшто да не оди во Неапол. Причината е што Маурицио Сари исто така заврши одлична работа во Наполи, а не беше оценета како многу добра“, изјави Ариго Саки.

Карло Анчелоти води преговори за да го преземе кормилото на англискиот премиерлигаш Евертон.

 

Се вчитува...